Ги известуваме сите пациенти кои што имаат закажано за преглед мамографија од 04.12.2023 година па во наредните денови, дека истите ќе бидат презакажани од страна на вработените од ЈЗУ Општа болница Кочани и ќе бидат информирани кога да се јават на преглед.
Замолуваме за разбирање од причина што деновиве ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Кочани работи на реконструкција и адаптација на просториите за понатамошно проширување на РТГ дејностите.
Нашата цел е подобрување на условите за пациентите кои во голем број ги користат услугите во нашиот оддел.
Воедно упатуваме голема благодарност до општествено – одговорната компанија Але – Дар Инженеринг Кочани која што донираше ПВЦ прозорци за потребите на Итната медицинска помош со што значително помогна во подобрување на условите на нашата установа.
И во наредниот период работиме со уште позасилено темпо за доопремување на нашата болница и за подобрување на условите и задоволување на потребите на пациентите.




Оставете коментар