Денес на 26.10.2024 година се реализира традиционалното бесплатно мерење на крвен притисок, гликемија и совети по повод 29- ти Октомври, Светски ден на мозочниот удар.
Денот го обележавме во кругот на ЈЗУ ,,Општа болница со проширена дејност” – Кочани. Прегледите беа извршени од страна на тимот од неврологија. Беа прегледани 78 пациенти и на истите им беа дадени соодветни совети. Успехот на оваа акција се состои во тоа што беа детектирани двајца пациенти со висока гликемија и исто толку со покачен крвен притисок, и истите беа соодветно упатени на специјалистички преглед.





Оставете коментар