Денес во Штип се одржа обука на тема: Унапредување на позитивните практики за исхрана и подобрување на менталното здравје кај жени, деца, семејства и згрижувачи, во соработка на УНИЦЕФ со Здружението на медицински сестри, техничари и акушерки на Р.Македонија.
Со цел унапредување на знаењата од областа на исхраната, предавањата беа пренесени од Др.Марина Поп – Лазарова и Др.Игор Спировски, а номинирани од кочанската болница беа патронажните сестри од оддел Патронажа, претставник од детско одделение и дел од менаџерскиот тим.
Продолжуваме со исто темпо за граѓаните и за младите семејства, се’ со цел промоција на здравје и правилни совети.
За поздрави генерации…







Оставете коментар