Општо
ЈЗУ Општа болница – Кочани ― здравствена установа сместена во средишното подрачје на градот Кочани. Болницата ги нуди здравствените услуги на населението кое живее во општините: Кочани, Чешиново-Облешево, Зрновци, како и за населението од општините кои гравитираат кон Oпштина Кочани, како: Виница, Македонска Каменица, Берово, Пехчево и Делчево, регион во кој живеат околу 115,000-120,000 луѓе.
д-р Катерина Паниќ - Мирчовска, искусен хирург со повеќе од една деценија работа во јавното здравство е нова в.д. директорка на кочанската болница (09.06.2025)
Нашата мисија е да обезбедиме квалитетна, достапна и безбедна здравствена заштита за сите пациенти, со посветеност на професионалност, човечност и почит кон секој поединец.
Нашата визија е да бидеме препознатлив здравствен центар во регионот кој обезбедува современи медицински услуги, постојано унапредување на знаењето и технологијата, и создавање здравствен систем кој инспирира доверба и сигурност.
ГРИЖА, СТРУЧНОСТ, ЕТИКА, ТИМ, ИНОВАЦИИ
Нашите пациенти секогаш се наоѓаат центарот на нашето внимание, а секоја услуга ја обезбедуваме со внимание, почит и човечност. Нашиот персонал се води од стручност и одговорност, додека сите процеси се базираат на етика и транспарентност. Работиме како тим, споделувајќи знаење и ресурси, и постојано се надградуваме со нови технологии и методи за подобра грижа и иновации.
Болницата низ бројки
Историја
Болницата е основана во 1924 година како противмаларична станица. Во 1949 година биле изградени општата и стоматолошката амбуланта, а во 1952 година е регистрирана под името Здравствен дом Кочани. Во текот на 50-тите години на минатиот век отворени се уште неколку амбуланти и одделенија како што се интерното одделение, детското одделение, хирургија.
Поради зголемените медицински услуги, се јавило потреба за просторно проширување и Медицинскиот центар – Кочани да вложи. Во 1982 година бил направен проектот од страна на архитектот Тодор Георгиевски, и неговите соработници Снежана Арсова и Мимоза Капсарова. Проектот бил награден со плакетата на град Кочани, во 1984 година. Градежните активности биле во 1983-1884 година и биле вршени од РГО „Бетон“ – Скопје и ООЗТ „Х Градилиште“ – Кочани.
Досегашни директори
Ова е список на лицата кои биле директори на Општата болница:
- Димитар Димитров (1964-1967)
- Љубомир Хаџивасилев-Вардарски (1967-1970)
- Антонио Кладорабски (1970-1974)
- Кирил Апостолов (1974-1982)
- Мирко Анакиевски (1982-1986)
- Душан Данев (1986-1991)
- Владимир Коцев (1991-1995)
- Душан Данев (1995-1999)
- Блаже Георгиев (19.01.2000 – 13.04.2001)
- Михаил Иванов (2001-2002)
- Александар Серафимов (2002-2006)
- Миле Николовски (2008-2010)
- Марија Јорданова (2006-2011)
- Дејан Апостоловски (2011)
- Оливера Цимбалевиќ (17.10.2016 – 26.04.2017)
- Дарко Иванов (26.04.2017 – 04.08.2017)
- Борка Панова (04.08.2017)
- Александар Серафимов (2017)
