Денес одделението неврологија при ЈЗУ Општа болница со проширена дејност – Кочани, доби нов апарат – електромиограф кој се користи за испитување на функциите на периферниот нервен систем (периферните нерви и мускули) во состојба на мирување и движење.
Со неа може брзо да се потврди, да се постави дијагноза за болеста или повреди на нервниот систем, дисфункција на мускулите или проблеми со преносот на сигналите од нервите до мускулите.
Со него ќе работи тим кој е обучен и сертифициран на Клиниката за неврологија – Скопје.
По самото завршување на административните работи ќе биде пуштен во функција со што ќе се овозможи пациентите кои имаат потреба од ова испитување да не се упатуваат до Скопје.
Донацијата е овозможена од менаџментот на одговорно општествена компанија ИГМ Трејд а се наоѓа во градот на виното.
Голема благодарност до нив.
Секогаш во служба на граѓаните.





Оставете коментар