ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Кочани од денеска доби нов специјалист по физикална медицина и рехабилитација.
Др. Симона Јованова која што е вработена во болницата од 2018 година е специјалист по физикална медицина и рехабилитација и со ова болницата полека но сигурно се екипира со доктори специјалисти кои што недостигаа години наназад. Очекуваме завршување на специјализации и на други доктори – специјалисти од различни области со што болницата во Кочани ќе може да одговори на потребите на сите граѓани и пациенти од Кочани и целиот источен регион.




Оставете коментар