Општа болница со проширена дејност – Кочани набави нов ехо апарат за потребите на нашата болница.
Станува збор за ехо апарат со следните карактеристики:
Mindray Consona N8, ехо апарат со револуционерна ZONE технологија која го прави приказот совршен до најситен детал.
Апаратот поседува 3 сонди и тоа конвексна и две линеарни. Наменет е за секаков тип на преглег, уролошки, гинеколошки, кардиолошки па дури и за преглед на мали делови. Посебно би го навеле и прегледот на дојки.
Дел од неговите предности се:
автоматско мерење на дебелината на внатрешноста на ѕидот на артериите, панорамски приказ во реално време, автоматско мерење на волуменот на мочниот меур, совршен приказ при лоцирање на замастен црн дроб, иновативна 3D визуелизација и многу други.





Оставете коментар