Денес во Велес се одржа обука на тема: Ментално здравје, која е во склоп на проектот Унапредување на позитивните практики за исхрана и подобрување на менталното здравје кај жени, деца и семејства згрижувачи а во соработка на УНИЦЕФ со Здружението на медицински сестри, техничари и акушерки на Р. Македонија.
Со цел унапредување на знаењата од областа на менталното здравје и воведување во практика, од кочанската болница беа номинирани патронажните сестри од оддел Патронажа: Олга Ѓорѓиева, Марија Јованова и Дивна Петрова заедно со одговорниот здравствен работник Гоце Марков.
Продолжуваме со исто темпо за граѓаните и за младите семејства, се’ со цел промоција на здравје и правилни совети.
За поздрави генерации…




Оставете коментар