Вработените во Народната банка, со желби за успешно и брзо заздравување на повредените во несреќата, ја посетија Кочанската болница и донираа опрема потребна за непречено функционирање на оваа здравствена установа.
Народната банка, уште еднаш изрази најдлабоко сочувство до семејствата на загинатите и до сите погодени во оваа голема трагедија, како и подготвеност за натамошна помош во справувањето со последиците.
Поддршката, заедништвото и човечката блискост нека ни бидат на сите најголема утеха.

Оставете коментар