Почитувани, ЈЗУ Општа болница со проширена дејност – Кочани изразува голема благодарност за донацијата од Македонската дијаспора од Швајцарија и Васил Данев од Оризари.
Тие донираа Аlcon, капки за очи, кои ќе се даваат на сите инволвирани во пожарот и истите почнувајќи од 16.04.2025 можат да се подигнат секој работен ден (освен понеделник) од 12 до 13 часот во болничката аптека во нашата установа. Користењето на овие капки е 3 пати по една капка во текот на денот. За секакви дополнителни информации ќе можете да се информирате во нашата болничка аптека.

Оставете коментар