Донацијата на хипербарна комора

Донацијата на хипербарна комора

ЈЗУ Општа болница со проширена дејност – Кочани изразува огромна благодарност за донацијата на хипербарна комора за потребите на медицинската рехабилитација.
Повреденото ткиво бара повеќе кислород за да преживее, а кислородот кој се носи преку респираторниот систем не може да влезе во ткиво кое е воспалено или трауматизирано(жива рана), така што хипербаричната кислородна терапија преку концентрираниот кислород под зголемен притисок (во самата хипербарна капсула) овозможува кислородот преку кожата да навлегува во ткивото, а од друга страна преку зголемениот притисок во кој се самите пациенти, овозможува чистиот кислород да навлегува поинтензивно во крвта и на тој начин комплетно да ја менува концентрацијата на кислород во телото. Еден час во хипербарична комора заменува 7-10 дена престој на планина на височина од 1500 до 2000 метри.
Денес при надзор од стручни лица е користена хипербарната комора на Ана Вучева.
Оваа донација е од Викторија Механџиска заедно во соработка со Фондацијата “Др. Верица Механџиска”, дечките од Support Kocani и аптеките Зегин. Сакаме бескрајно да им се заблагодариме на веќе споменатите и со гордост да ве известиме дека ова е втора комора во нашата држава која е на располагање во државните институции. За во иднина се договорени и други донации за кои ќе бидете известени.
Уште еднаш изразуваме огромна благодарност за оваа донација на хипербарна комора.
user10
https://user10.delovna.finki.ukim.mk

Оставете коментар

Задолжителните полиња се означени со *

ЈЗУ Општа Болница Кочани
Преглед на приватноста

Оваа веб-страница користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се складираат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се препознавање кога ќе се вратите на нашата веб-страница и помагање на нашиот тим да разбере кои делови од веб-страницата ви се најинтересни и најкорисни.