Меѓународен ден на медицинските сестри и акушерките

Меѓународен ден на медицинските сестри и акушерките

По повод Меѓународната недела на сестринството, на 5 мај се одбележува Меѓународен ден на акушерките, а на 12 мај Меѓународен ден на медицинските сестри и техничари.
Меѓународниот ден на акушерките во целиот свет се одбележува од 1992 година со цел да се подигне свеста за професијата акушерка и промовира оваа професија Акушерството е една од најубавите, најодговорните и најхуманите професии. Акушерките се врската помеѓу пациентот и лекарот и се многу важни за жените кои се во фаза на најголема болка и радост. Работата на акушерката е исклучително тешка, но и убава, бидејќи бара многу љубов и трпение.
Меѓународен ден на медицинските сестри и техничари се одбележува на 12 мај, секоја година во знак на сеќавање на роденденот на Флоренс Најтингеjл.
Флоренс Најтингеjл се смета за пионер на модерното сестринство во светот, дала придонес во промовирањето на графичкото претставување на статистички податоци, иницирала стручно образование на медицинските сестри и вовела методи за нега на пациенти и организација на болници, кои се прифатени во многу земји.
Медицинска сестра опфаќа автономна и колаборативна грижа за лица од сите возрасти, семејства, групи и заедници, болни или здрави во сите услови. Тоа вклучува унапредување на здравјето, спречување на болести и грижа за болни. Тие често се првиот, а понекогаш и последниот здравствен работник кој што ќе го види пациентот и квалитетот на нивната првична проценка и последователна грижа е од витално значење за добри здравствени резултати.
Нека ви е честит празникот.
user10
https://user10.delovna.finki.ukim.mk

Оставете коментар

Задолжителните полиња се означени со *

ЈЗУ Општа Болница Кочани
Преглед на приватноста

Оваа веб-страница користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се складираат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се препознавање кога ќе се вратите на нашата веб-страница и помагање на нашиот тим да разбере кои делови од веб-страницата ви се најинтересни и најкорисни.