Ден на медицинските сестри и медицинските техничари

Ден на медицинските сестри и медицинските техничари

Денес во просториите на Министерството за здравство, од страна на Министерот за здравство, Арбен Таравари, беа примени претставници на медицинските сестри и техничари од повеќе болници, клиники и здравствени домови и претставници на Националното здружение на медицински сестри и техничари на Република Македонија и им беа врачени благодарници за сестраната посветеност и работа во нивната професија. .
Честит ден на медицинските сестри и техничари!!
Меѓународниот ден на медицинските сестри се одбележува на 12 мај секоја година. Се слави низ целиот свет за да се одбележи придонесот на медицинските сестри во општеството. За прв пат во далечната 1974 година, 12 мај беше избран како датум кој ќе се прославува, бидејќи овој ден е годишнина од раѓањето на Флоренс Најтингел, која се смета како прва модерна медицинска сестра.
Професијата Медицинска сестра во здравствениот сектор e фокусирана на грижата за поединци, семејства и заедници за сите тие да можат да постигнат, одржуваат оптимално здравје и квалитет на живот. Медицинските сестри се разликуваат од другите даватели на здравствената грижа според нивниот пристап кон пациентите, обуката и опсегот на пракса. Тие обезбедуваат нега во рамките на опсегот на препораките на лекарите, и оваа традиционална улога ја обликува историски сликата за медицинските сестри како даватели на нега.
Докторите од нашата установа упатуваат голема благодарност до нашите медицински сестри и техничари, затоа што се дел од нашите тимови, а заеднички сме секогаш во служба на граѓаните.
user10
https://user10.delovna.finki.ukim.mk

Оставете коментар

Задолжителните полиња се означени со *

ЈЗУ Општа Болница Кочани
Преглед на приватноста

Оваа веб-страница користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се складираат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се препознавање кога ќе се вратите на нашата веб-страница и помагање на нашиот тим да разбере кои делови од веб-страницата ви се најинтересни и најкорисни.